приказна

Именка, женски род

Значење на приказна:

1. а) Краток расказ за историски или измислени личности или настани што се пренесува од колено на колено; бајка, сказна. Првин го замоли деда си да им каже приказна. Народна приказна. б) Краток расказ во уметничката проза.

2. (само во мн.) Нешто измислено, невистинито или невозможно; измислици. Момче, ај не ми кажувај приказни! После за нив се ширеа секакви приказни. Тој знаеше дека зборувањата повеќе беа приказни, отколку некаков вистински глас.

3. Прикажување. Тој веќе ја беше смислил својата приказна. Никој не ќе му поверува во една таква приказна. Тогаш тој ја започна својата приказна.

Множина: приказни.

Фразеолошки израз / поговорка:

За приказна – како во приказна, многу убаво, прекрасно, неверојатно. Приказна за себе – нешто посебно. Празни приказни – бесмислен разговор. Бапски (бабини) приказни – приказни полни со измислици. Долга приказна – за тоа може долго да се зборува.

Оригинални податоци:

приказна, мн. приказни ж. 1. а) Краток расказ за историски или измислени личности или настани што се пренесува од колено на колено; бајка, сказна. Првин го замоли деда си да им каже приказна. Народна приказна. б) Краток расказ во уметничката проза. 2. (само во мн.) Нешто измислено, невистинито или невозможно; измислици. Момче, ај не ми кажувај приказни! После за нив се ширеа секакви приказни. Тој знаеше дека зборувањата повеќе беа приказни, отколку некаков вистински глас. 3. Прикажување. Тој веќе ја беше смислил својата приказна. Никој не ќе му поверува во една таква приказна. Тогаш тој ја започна својата приказна. ◊ За приказна – како во приказна, многу убаво, прекрасно, неверојатно. Приказна за себе – нешто посебно. Празни приказни – бесмислен разговор. Бапски (бабини) приказни – приказни полни со измислици. Долга приказна – за тоа може долго да се зборува.