приклешти
Значење на приклешти:
1. Фати цврсто да не може да мрда, да се движи, притисне како со клешти. Му ја приклешти раката и го забра кон селото.
2. Цврсто притисне до нешто. Насобраната толпа го приклешти до ѕидот.
3. (прен.) Притисне од сите страни, доведе во тесно, во безизлезна ситуација. Лично јас го приклештив да се согласи со нас.
Конјугација: приклештаат.
Изведени зборови:
- приклештува, глаг. несв. приклештуваат
- приклештување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
приклешти, приклештаат св. 1. Фати цврсто да не може да мрда, да се движи, притисне како со клешти. Му ја приклешти раката и го забра кон селото. 2. Цврсто притисне до нешто. Насобраната толпа го приклешти до ѕидот. 3. (прен.) Притисне од сите страни, доведе во тесно, во безизлезна ситуација. Лично јас го приклештив да се согласи со нас. ‖ приклештува, приклештуваат несв. ‖ глаг. им. приклештување ср.