прикова

Глагол, свршен

Значење на прикова:

1. Прицврсти, прикрепи нешто со шајки, со окови; закове. Ја приковав откачената полица.

2. (прен.) а) Присили некого да остане подолго време во некаква положба; онеспособи движење. Стрелбата имаше за цел да ги прикове за земја. Болеста го прикова за постела. б) Впери, насочи поглед, очи кон некого, кон нешто. Тој го прикова погледот врз новодојдениот посетител.

Конјугација: (ќе) приковеа , (ќе) приковев , (ќе) приковел, приковаа , приковаат и прикове , приковав , приковал , прикован , приковат , приковете , прикови .

Изведени зборови:

  • приковува, глаг. несв. приковуваат
  • приковување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

прикова, приковаат и прикове, приковат; прикови, приковете; приковав, приковаа; приковал; прикован; (ќе) приковев, (ќе) приковеа; (ќе) приковел св. 1. Прицврсти, прикрепи нешто со шајки, со окови; закове. Ја приковав откачената полица. 2. (прен.) а) Присили некого да остане подолго време во некаква положба; онеспособи движење. Стрелбата имаше за цел да ги прикове за земја. Болеста го прикова за постела. б) Впери, насочи поглед, очи кон некого, кон нешто. Тој го прикова погледот врз новодојдениот посетител. ‖ приковува, приковуваат несв. ‖ глаг. им. приковување ср.