прилега
Значење на прилега:
1. Сличен е со некого или со нешто. Едното дете прилега на мајка си. Деновите прилегаа еден на друг. Нејзиното раскажување прилегаше на бајка. Оддалеку ова прилегаше на кавга.
2. Доликува, одговара, е во согласност со некого или со нешто. Јас потстанувам како што му прилега на ученик кога одговара. Јас мислам, син ми прилега за ќерка ви.
3. За облека – одговара, стои добро некому. На себе имаше елегантен костум, што многу убаво му прилегаше.
Конјугација: прилегаат.
Изведени зборови:
- се ~ прилега, Си личат еден на друг. Браќата си прилегаа како близнаци.
Фразеолошки израз / поговорка:
Си прилегаат како две капки вода – многу си личат.
Оригинални податоци:
прилега, прилегаат несв. 1. Сличен е со некого или со нешто. Едното дете прилега на мајка си. Деновите прилегаа еден на друг. Нејзиното раскажување прилегаше на бајка. Оддалеку ова прилегаше на кавга. 2. Доликува, одговара, е во согласност со некого или со нешто. Јас потстанувам како што му прилега на ученик кога одговара. Јас мислам, син ми прилега за ќерка ви. 3. За облека – одговара, стои добро некому. На себе имаше елегантен костум, што многу убаво му прилегаше. ● си ~ Си личат еден на друг. Браќата си прилегаа како близнаци. ◊ Си прилегаат како две капки вода – многу си личат.