прилегне
Значење на прилегне:
1. Легне до некого или до нешто. Таа прилегна до мене и ми прошепоти. Мачката прилегна до неговите нозе.
2. Легне кратко време, одмори малку. После прилегнав во ладон, ме фати дремка. По ручекот отиде горе во одајата да прилегне.
3. Легне, се намести врз нешто, налегне. Потребно е време за каменот добро да прилегне.
Конјугација: (ќе) прилегнеа , (ќе) прилегнев , (ќе) прилегнел, прилегнаа , прилегнав , прилегнал , прилегнат , прилегнат , прилегнете , прилегни .
Изведени зборови:
- прилегнува, глаг. несв. прилегнуваат
- прилегнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
прилегне, прилегнат; прилегни, прилегнете; прилегнав, прилегнаа; прилегнал; прилегнат; (ќе) прилегнев, (ќе) прилегнеа; (ќе) прилегнел св. 1. Легне до некого или до нешто. Таа прилегна до мене и ми прошепоти. Мачката прилегна до неговите нозе. 2. Легне кратко време, одмори малку. После прилегнав во ладон, ме фати дремка. По ручекот отиде горе во одајата да прилегне. 3. Легне, се намести врз нешто, налегне. Потребно е време за каменот добро да прилегне. ‖ прилегнува, прилегнуваат несв. ‖ глаг. им. прилегнување ср.