прилепи
Значење на прилепи:
1. Спои, состави нешто со лепење; залепи. Тој ја прилепи театарската објава на ѕидот.
2. (прен.) Сосема приближи до некого или до нешто. Го прилепи увото на вратата за да наслушне.
3. (прен.) Даде некому прекар, припише некому некаква особеност, постапка. Не знаеше кој му го прилепи тој прекар. Грешките во работата му ги прилепија нему.
4. залепи 3. Сакав да му прилепам една шлаканица, но се воздржав.
Конјугација: прилепат.
Изведени зборови:
- прилепување, глаг. им. ср.
- се ~ прилепи, 1. Се спои, се состави едно нешто со (за/на) друго нешто. Калта му се прилепи на чевлите. 2. (прен.) Се приближи, се допре, се припои до (кон/за) некого или нешто. Животното се прилепи до него за да го почувствува пријатниот допир. Застана и се прилепи до ѕидот. Фустанот се прилепил за снагата. 3. (прен.) Се лепи, се наметне, се натури некому. На игранката се прилепи едно момче и не ја остави на мира.
- (се) прилепува, глаг. несв. (се) прилепуваат
Оригинални податоци:
прилепи, прилепат св. 1. Спои, состави нешто со лепење; залепи. Тој ја прилепи театарската објава на ѕидот. 2. (прен.) Сосема приближи до некого или до нешто. Го прилепи увото на вратата за да наслушне. 3. (прен.) Даде некому прекар, припише некому некаква особеност, постапка. Не знаеше кој му го прилепи тој прекар. Грешките во работата му ги прилепија нему. 4. сп. залепи 3. Сакав да му прилепам една шлаканица, но се воздржав. ● се ~ 1. Се спои, се состави едно нешто со (за/на) друго нешто. Калта му се прилепи на чевлите. 2. (прен.) Се приближи, се допре, се припои до (кон/за) некого или нешто. Животното се прилепи до него за да го почувствува пријатниот допир. Застана и се прилепи до ѕидот. Фустанот ~ се прилепил за снагата. 3. (прен.) Се лепи, се наметне, се натури некому. На игранката ~ се прилепи едно момче и не ја остави на мира. ‖ (се) прилепува, (се) прилепуваат несв. ‖ глаг. им. прилепување ср.