приличен
Значење на приличен:
1. (дијал.) пристоен.
2. Што е доста голем; што е во доволна мера убав, добар и сл.; што задоволува (според својствата, количината, силата и сл). На таа тема постојат приличен број студии. Куќата имаше приличен двор. Тие имаат приличен број недостатоци.
Членувана форма: приличниот.
Изведени зборови:
- прилично, прил. Собите беа прилично удобни. Тие беа прилично далеку.
Оригинални податоци:
приличен, приличниот прид. 1. (дијал.) в. пристоен. 2. Што е доста голем; што е во доволна мера убав, добар и сл.; што задоволува (според својствата, количината, силата и сл). На таа тема постојат приличен број студии. Куќата имаше приличен двор. Тие имаат приличен број недостатоци. ‖ прилично прил. Собите беа прилично удобни. Тие беа прилично далеку.