прилика

Именка, женски род

Значење на прилика:

1. Лице што се согласува, што одговара некому според своите особини, години, општествен статус и сл. Тој ги одбиваше стројниците барајќи му на своето чедо што подобра прилика. Ќе нѐ посети еден човек околу триесет години, неженет и добра прилика за мажење.

2. (книж., обично во мн.) Околности, положби. Општествено-политички прилики. Не бев сигурен, дали и јас би бил способен во слична прилика да постапам како него. Костумот го носеше само во свечени прилики.

3. Поволен момент, можност, пригода. Тогаш тој имал прилика да ги посети повеќето стари манастири. Никако не испушташе прилика да наѕирне од прозорецот за да ја види кога ќе поминува. Тој начека прилика и побегна во темницата.

Множина: прилики.

Фразеолошки израз / поговорка:

Лика и прилика – што во сѐ си одговара еден со друг.

Оригинални податоци:

прилика, мн. прилики ж. 1. Лице што се согласува, што одговара некому според своите особини, години, општествен статус и сл. Тој ги одбиваше стројниците барајќи му на своето чедо што подобра прилика. Ќе нѐ посети еден човек околу триесет години, неженет и добра прилика за мажење. 2. (книж., обично во мн.) Околности, положби. Општествено-политички прилики. Не бев сигурен, дали и јас би бил способен во слична прилика да постапам како него. Костумот го носеше само во свечени прилики. 3. Поволен момент, можност, пригода. Тогаш тој имал прилика да ги посети повеќето стари манастири. Никако не испушташе прилика да наѕирне од прозорецот за да ја види кога ќе поминува. Тој начека прилика и побегна во темницата. ◊ Лика и прилика – што во сѐ си одговара еден со друг.