прилив

Именка, машки род

Значење на прилив:

1. Периодично повишување на нивото на водата во морињата, океаните и сл., предизвикано од привлечното дејство на Месечината; одлив. Прилив и одлив на морето.

2. (прен.) Надоаѓање, наплив на нешто (чувства, сила и сл.). Чувствуваше голем прилив на сила.

3. (прен.) Нараснување, зголемување, натрупување. Имаме голем прилив на девизни средства. Не се очекуваше толкав прилив на гости.

Множина: приливи.

Оригинални податоци:

прилив, мн. приливи м. 1. Периодично повишување на нивото на водата во морињата, океаните и сл., предизвикано од привлечното дејство на Месечината; спрот. одлив. Прилив и одлив на морето. 2. (прен.) Надоаѓање, наплив на нешто (чувства, сила и сл.). Чувствуваше голем прилив на сила. 3. (прен.) Нараснување, зголемување, натрупување. Имаме голем прилив на девизни средства. Не се очекуваше толкав прилив на гости.