прилог 1

Именка, машки род

Значење на прилог:

1. Тоа што се прилага, се додава кон нешто; додаток. Четвртиот дел претставува библиографски прилог кон изданијата. Со петочното издание на весникот редовно излегува и прилогот со телевизиска програма.

2. Напис во кој се соопштува за нешто непознато или се разгледува некое прашање од областа на културата. Во првиот број од списанието се објавени пет прилога. Научни прилози.

3. Помош, дар, принос во пари и сл. што обично се дава во хуманитарни цели. Средствата се обезбедени преку собирање доброволни прилози.

4. Принос, придонес кон / во нешто. На полето на естетиката тој го даде својот евидентен прилог. Диктатот служи како прилог за унапредување на способноста за писмено изразување.

5. Придавање, дополнување обично на службени акти. Во прилог кон молбата ви ги доставуваме следниве документи.

Множина: прилози.

Фразеолошки израз / поговорка:

Во прилог – во корист.

Оригинални податоци:

прилог1, мн. прилози м. 1. Тоа што се прилага, се додава кон нешто; додаток. Четвртиот дел претставува библиографски прилог кон изданијата. Со петочното издание на весникот редовно излегува и прилогот со телевизиска програма. 2. Напис во кој се соопштува за нешто непознато или се разгледува некое прашање од областа на културата. Во првиот број од списанието се објавени пет прилога. Научни прилози. 3. Помош, дар, принос во пари и сл. што обично се дава во хуманитарни цели. Средствата се обезбедени преку собирање доброволни прилози. 4. Принос, придонес кон / во нешто. На полето на естетиката тој го даде својот евидентен прилог. Диктатот служи како прилог за унапредување на способноста за писмено изразување. 5. Придавање, дополнување обично на службени акти. Во прилог кон молбата ви ги доставуваме следниве документи. ◊ Во прилог – во корист.