прима

Глагол, несвршен

Значење на прима:

1. а) Пречекува, дочекува некого во својот дом. Тој е мој драг гостин и јас секогаш го примам со задоволство. б) Дочекува некого во канцеларија, ординација и сл. и дава услуги; работи. Лекарот прима само попладне.

2. Прифаќа, воведува некого во свое друштво; зачленува. Не примаа секого во нивното друштво. Тие ги примија само со изјава во нивната организација.

3. а) Добива нешто што е упатено, испратено, наменето. Таа постојано прима поплаки од нив. Поради грипот тој мора да прима инјекции. Стока воопшто не се примаше. Таа постојано примаше писма од различни страни на светот. б) Добива, зема како приход. Добро си ја вршам работата и примам плата за тоа.

4. Презема, прифаќа нешто туѓо. Народот тешко ги прима новонавлезените зборови.

5. Назначува на служба некого, зема на работа. Се распраша дали примаат нови работници во рудникот.

6. а) Прифаќа нешто на определен начин, реагира на нешто. Навредата ја примаше сѐ така насмевнат, само подбивно собирајќи ги рамениците. Тој сето тоа го примаше рамнодушно. Задачата што му ја доверија тој ја прима со гордост. б) Сфаќа нешто како факт, како вистина и свикнува на тоа. Неговите лаги тој ги примаше како вистина. Навикнат да се борам, јас и сегашнава ситуација ја примам како дел од постојаната борба.

7. Прифаќа, усвојува, одобрува нешто. Неговиот син со задоволство ги примаше неговите совети. Констатацијата на одбраната судот ја прима како правилна.

8. За стомак – поднесува. Стомакот луто не му прима.

9. За река и сл. – Добива како прилив. Реката во своето корито го носеше само едниот дел од водата што ја примаше.

Конјугација: примаат.

Изведени зборови:

  • примање, глаг. им. ср.
  • се ~ прима, 1. Се прифаќа, се согласува да прими некоја должност, работа и сл. Не сакаше да објасни зошто не се прима за раководител. 2. За растение – се фаќа, пушта корен, почнува да расте. Во овој крај сончогледот тешко се прима.

Оригинални податоци:

прима, примаат несв. а) Пречекува, дочекува некого во својот дом. Тој е мој драг гостин и јас секогаш го примам со задоволство. б) Дочекува некого во канцеларија, ординација и сл. и дава услуги; работи. Лекарот прима само попладне. 2. Прифаќа, воведува некого во свое друштво; зачленува. Не примаа секого во нивното друштво. Тие ги примија само со изјава во нивната организација. 3. а) Добива нешто што е упатено, испратено, наменето. Таа постојано прима поплаки од нив. Поради грипот тој мора да прима инјекции. Стока воопшто не се примаше. Таа постојано примаше писма од различни страни на светот. б) Добива, зема како приход. Добро си ја вршам работата и примам плата за тоа. 4. Презема, прифаќа нешто туѓо. Народот тешко ги прима новонавлезените зборови. 5. Назначува на служба некого, зема на работа. Се распраша дали примаат нови работници во рудникот. 6. а) Прифаќа нешто на определен начин, реагира на нешто. Навредата ја примаше сѐ така насмевнат, само подбивно собирајќи ги рамениците. Тој сето тоа го примаше рамнодушно. Задачата што му ја доверија тој ја прима со гордост. б) Сфаќа нешто како факт, како вистина и свикнува на тоа. Неговите лаги тој ги примаше како вистина. Навикнат да се борам, јас и сегашнава ситуација ја примам како дел од постојаната борба. 7. Прифаќа, усвојува, одобрува нешто. Неговиот син со задоволство ги примаше неговите совети. Констатацијата на одбраната судот ја прима како правилна. 8. За стомак – поднесува. Стомакот луто не му прима. 9. За река и сл. – Добива како прилив. Реката во своето корито го носеше само едниот дел од водата што ја примаше. ● се ~ 1. Се прифаќа, се согласува да прими некоја должност, работа и сл. Не сакаше да објасни зошто не се прима за раководител. 2. За растение – се фаќа, пушта корен, почнува да расте. Во овој крај сончогледот тешко се прима. ‖ глаг. им. примање ср.