примарен

Придавка

Значење на примарен:

1. Првичен, првостепен. Тие својства не се примарни, туку секундарни.

2. Главен, најважен. Решавањето на проблемот е од примарно значење.

Членувана форма: примарниот.

Изведени зборови:

  • примарно, прил. Првично.
  • примарност, и. ж.

Оригинални податоци:

примарен, примарниот прид. 1. Првичен, првостепен. Тие својства не се примарни, туку секундарни. 2. Главен, најважен. Решавањето на проблемот е од примарно значење. ‖ примарно прил. Првично. ‖ примарност ж.