пример

Именка, машки род

Значење на пример:

1. Дејство, појава, постапка и сл. што се смета достојно за поддржување, за следење, што може да послужи како образец. Тој беше дете за пример. Тргнаа по мојот пример.

2. Одделен случај што се приведува за објаснување, за докажување на нешто. Примериве убаво ја потврдија уводната констатација. Ова ќе го поткрепиме со повеќе илустративни примери.

Множина: примери.

Фразеолошки израз / поговорка:

На пример – 1. израз со кој се најавува наведување факти, податоци како примери за појаснување или потврда на претходно кажаното; 2. во контекст доаѓа во значење: да претпоставиме, да кажам, да кажеме (претпоставка, можност).

Оригинални податоци:

пример, мн. примери м. 1. Дејство, појава, постапка и сл. што се смета достојно за поддржување, за следење, што може да послужи како образец. Тој беше дете за пример. Тргнаа по мојот пример. 2. Одделен случај што се приведува за објаснување, за докажување на нешто. Примериве убаво ја потврдија уводната констатација. Ова ќе го поткрепиме со повеќе илустративни примери. ◊ На пример – 1. израз со кој се најавува наведување факти, податоци како примери за појаснување или потврда на претходно кажаното; 2. во контекст доаѓа во значење: да претпоставиме, да кажам, да кажеме (претпоставка, можност).