примерок

Именка, машки род

Значење на примерок:

1. Секој за себе, поединечно од повеќе еднородни предмети. Книгата излезе во илјада примероци.

2. Секој посебно, единка од определен вид како предмет на набљудување или на проучување. Забележан е само еден примерок од тој вид животни.

Множина: примероци.

Оригинални податоци:

примерок, мн. примероци м. 1. Секој за себе, поединечно од повеќе еднородни предмети. Книгата излезе во илјада примероци. 2. Секој посебно, единка од определен вид како предмет на набљудување или на проучување. Забележан е само еден примерок од тој вид животни.