прими

Глагол, свршен

Значење на прими:

1. а) Пречека некого во својот дом. Нашите пријатели нè примија многу срдечно. Тој ме прими како најблизок. б) Пречека некого во канцеларија, ординација и сл. и даде услуги. Лекарот ги прими сите пациенти од чекалницата. в) Пречека некого во официјална посета; поздрави гости. Премиерот ќе прими странска делегација.

2. Земе во постапка нешто предадено, доставено по службен пат. Архиварката го прими пристигнатиот материјал.

3. Прифати, воведе, вклучи во свој состав, зачлени. Него го примија во подмладокот на фудбалскиот клуб.

4. Стане следбеник на некоја религија. Тој го прими христијанството.

5. а) Добие нешто што е упатено, испратено, наменето. Тој ја прими дипломата за завршени студии. Децата примија новогодишни подароци. б) Добие, земе како приход. Таа ја прими првата плата. Тој го прими авторскиот хонорар за книгата.

6. Назначи на служба некого, земе на работа; вработи. Тој го прими момчето во својата фирма.

7. а) Прифати нешто на определен начин, реагира на нешто. Со голема претпазливост ја примија веста за новите настани. Работникот со резерва ја прими понудата за новото работно место. Публиката воодушевено ја прими новата театарска претстава. б) Сфати нешто како факт, како вистина. Смртта на мајката детето не можеше да ја прими како вистина. Сето тоа го прими како неминовност.

8. Обезбеди престој, ноќевање, засолниште сл. Тој замоли да го примат само една вечер на спиење. Нашата држава ги прими бегалците.

9. Преземе, прифати нешто што му се предлага. Ја прими должноста за амбасадор. Ја прими одговорноста за неуспехот и си даде оставка.

10. Прифати, одобри, усвои нешто. Тој прими совет од лекарот. Ја прими работната задача без поговор. Го прими предлогот за изработка на нов проект. 1За просторија и сл. ‒ збере, собере. Ресторанот може да прими стотина гости. 12. Земе, добие нешто при лекување (лек, вакцина, инјекција и сл.). Болниот прими неколку инјекции и температурата се намали. Кучето прими вакцина против беснило. Пациентот прими терапија.

Конјугација: примат.

Изведени зборови:

  • се ~ прими, Се согласи да прифати некоја должност, работа и сл. Тој се примил за командант на четата доброволци.

Оригинални податоци:

прими, примат св. 1. а) Пречека некого во својот дом. Нашите пријатели нè примија многу срдечно. Тој ме прими како најблизок. б) Пречека некого во канцеларија, ординација и сл. и даде услуги. Лекарот ги прими сите пациенти од чекалницата. в) Пречека некого во официјална посета; поздрави гости. Премиерот ќе прими странска делегација. 2. Земе во постапка нешто предадено, доставено по службен пат. Архиварката го прими пристигнатиот материјал. 3. Прифати, воведе, вклучи во свој состав, зачлени. Него го примија во подмладокот на фудбалскиот клуб. 4. Стане следбеник на некоја религија. Тој го прими христијанството. 5. а) Добие нешто што е упатено, испратено, наменето. Тој ја прими дипломата за завршени студии. Децата примија новогодишни подароци. б) Добие, земе како приход. Таа ја прими првата плата. Тој го прими авторскиот хонорар за книгата. 6. Назначи на служба некого, земе на работа; вработи. Тој го прими момчето во својата фирма. 7. а) Прифати нешто на определен начин, реагира на нешто. Со голема претпазливост ја примија веста за новите настани. Работникот со резерва ја прими понудата за новото работно место. Публиката воодушевено ја прими новата театарска претстава. б) Сфати нешто како факт, како вистина. Смртта на мајката детето не можеше да ја прими како вистина. Сето тоа го прими како неминовност. 8. Обезбеди престој, ноќевање, засолниште сл. Тој замоли да го примат само една вечер на спиење. Нашата држава ги прими бегалците. 9. Преземе, прифати нешто што му се предлага. Ја прими должноста за амбасадор. Ја прими одговорноста за неуспехот и си даде оставка. 10. Прифати, одобри, усвои нешто. Тој прими совет од лекарот. Ја прими работната задача без поговор. Го прими предлогот за изработка на нов проект. 11. За просторија и сл. ‒ збере, собере. Ресторанот може да прими стотина гости. 12. Земе, добие нешто при лекување (лек, вакцина, инјекција и сл.). Болниот прими неколку инјекции и температурата се намали. Кучето прими вакцина против беснило. Пациентот прими терапија. ● се ~ Се согласи да прифати некоја должност, работа и сл. Тој се примил за командант на четата доброволци.