примири
Значење на примири:
1. Успокои, смири. Мајката го примири расплаканото дете.
2. (книж.) Помири.
Конјугација: примират.
Изведени зборови:
- примирување, глаг. им. ср.
- се ~ примири, 1. Се успокои, се смири. Таткото го молеше да се примири и да му прости за сè. Се примири жестоката битка. 2. (книж.) Се помири. Таа се примири со осаменоста.
- (се) примирува, глаг. несв. (се) примируваат
Оригинални податоци:
примири, примират св. 1. Успокои, смири. Мајката го примири расплаканото дете. 2. (книж.) Помири. ● се ~ 1. Се успокои, се смири. Таткото го молеше да се примири и да му прости за сè. Се примири жестоката битка. 2. (книж.) Се помири. Таа се примири со осаменоста. ‖ (се) примирува, (се) примируваат несв. ‖ глаг. им. примирување ср.