примитивен
Значење на примитивен:
1. Што се однесува или припаѓа на најстарите стадиуми на антрополошкиот или културниот развој; древен, прастар.
2. (прен.) Неразвиен, ограничен, прост, заостанат. Примитивен менталитет. Примитивна средина. Примитивни манири. Примитивни сфаќања.
3. За направа, орудие и сл. ‒ што е грубо изработен, едноставен. Примитивна направа. Примитивно оружје. Примитивни средства за работа.
Членувана форма: примитивниот.
Изведени зборови:
- примитивно, прил. Примитивно однесување.
- примитивност, и. ж.
Фразеолошки израз / поговорка:
Примитивна уметност ‒ праисториска, најстара позната уметност; уметност на една култура во својата првобитна фаза.
Оригинални податоци:
примитивен, примитивниот прид. 1. Што се однесува или припаѓа на најстарите стадиуми на антрополошкиот или културниот развој; древен, прастар. 2. (прен.) Неразвиен, ограничен, прост, заостанат. Примитивен менталитет. Примитивна средина. Примитивни манири. Примитивни сфаќања. 3. За направа, орудие и сл. ‒ што е грубо изработен, едноставен. Примитивна направа. Примитивно оружје. Примитивни средства за работа. ◊ Примитивна уметност ‒ праисториска, најстара позната уметност; уметност на една култура во својата првобитна фаза. ‖ примитивно прил. Примитивно однесување. ‖ примитивност ж.