примитивизам

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на примитивизам:

1. Состојба, особина, постапка на примитивец; примитивност. Таму преовладува нечистотијата и примитивизмот. Борба против примитивизмот.

2. Правец во ликовната уметност што наоѓа инспирација од примитивната уметност.

Членувана форма: примитивизмот.

Оригинални податоци:

примитивизам, примитивизмот (само едн.) м. 1. Состојба, особина, постапка на примитивец; примитивност. Таму преовладува нечистотијата и примитивизмот. Борба против примитивизмот. 2. Правец во ликовната уметност што наоѓа инспирација од примитивната уметност.