принцип

Именка, машки род

Значење на принцип:

1. Основна поставка на теорија, учење, наука и сл. Општи принципи на социологијата. Дидактички принципи. Фонетски принцип.

2. Основно правило за некоја дејност. Принцип на солидарноста.

3. Правило на поведение, гледиште, убедување на некого. Тој остана верен на своите принципи. Таа има принцип да прима само најавени гости.

Множина: принципи.

Фразеолошки израз / поговорка:

Во/по принцип ‒ по правило; принципиелно.

Оригинални податоци:

принцип, мн. принципи м. 1. Основна поставка на теорија, учење, наука и сл. Општи принципи на социологијата. Дидактички принципи. Фонетски принцип. 2. Основно правило за некоја дејност. Принцип на солидарноста. 3. Правило на поведение, гледиште, убедување на некого. Тој остана верен на своите принципи. Таа има принцип да прима само најавени гости. ◊ Во/по принцип ‒ по правило; принципиелно.