приоблече
Значење на приоблече:
1. Стави облека на себе, облече набрзина. Го приоблече џемперот и истрча низ врата.
2. Снабди облека во некоја мера. Мајката ја потроши целата заштеда да ги приоблече децата за в училиште.
Коњугација: (ќе) приоблечеа , (ќе) приоблечев , (ќе) приоблечел , приоблекоа , приоблеков , приоблечат , приоблечен, приоблечете , приоблечи .
Изведени зборови:
- приоблечување, глаг. им. ср. приоблечување / приоблекување
- се ~ приоблече, Се снабди со облека во некоја мера. Отидоа да купат дарови и да се приоблечат за свадба.
- (се) приоблечува, глаг. несв. (се) приоблечуваат--(се) приоблекува, (се) приоблекуваат
Оригинални податоци:
приоблече, приоблечат; приоблечи, приоблечете; приоблеков, приоблекоа; (ќе) приоблечев, (ќе) приоблечеа; (ќе) приоблечел; приоблечен св. 1. Стави облека на себе, облече набрзина. Го приоблече џемперот и истрча низ врата. 2. Снабди облека во некоја мера. Мајката ја потроши целата заштеда да ги приоблече децата за в училиште. ● се ~ Се снабди со облека во некоја мера. Отидоа да купат дарови и да се приоблечат за свадба. ‖ (се) приоблечува, (се) приоблечуваат/(се) приоблекува, (се) приоблекуваат несв. ‖ глаг. им. приоблечување / приоблекување ср.