припече
Значење на припече:
1. За сонце ‒ одеднаш почне силно да пече. Сонцето припече како среде лето.
2. Испече од тоа што се испекло уште малку. Припечи кикиритки, малку се.
Конјугација: (ќе) припечеа , (ќе) припечев , (ќе) припечел , припекле , припекоа , припеков , припекол , припечат , припечен, припечете , припечи .
Изведени зборови:
- се ~ припече, Почне да се пече на сонце, да се грее на оган. Старицата седна да се припече. Тие се припекоа околу огнот.
- (се) припечува, глаг. несв. (се) припечуваат--(се) припекува, (се) припекуваат
Оригинални податоци:
припече, припечат; припечи, припечете; припеков, припекоа; припекол; припекле; (ќе) припечев, (ќе) припечеа; (ќе) припечел; припечен св. 1. За сонце ‒ одеднаш почне силно да пече. Сонцето припече како среде лето. 2. Испече од тоа што се испекло уште малку. Припечи кикиритки, малку се. ● се ~ Почне да се пече на сонце, да се грее на оган. Старицата седна да се припече. Тие се припекоа околу огнот. ‖ (се) припечува, (се) припечуваат/(се) припекува, (се) припекуваат несв. ‖ глаг. им. припекување/припечување ср.