прирасне

Глагол, свршен

Значење на прирасне:

1. Срасне, се спои со сраснување.

2. Израсне во помала мера, се наголеми малку. Бројот на градското население прирасна поради миграциските движења. Нивото на реката прирасна од поројните дождови.

3. (прен.) Ми (ти, му...) Почувствува приврзаност, почит, љубов спрема некого или нешто, засака. На туристите што често ја посетуваа нашата земја им прирасна на срце македонскиот фолклор.

Конјугација: (ќе) прираснеа , (ќе) прираснев , (ќе) прираснел, прираснаа , прираснав , прираснал , прираснат , прираснат , прираснете , прирасни .

Изведени зборови:

  • прираснува, глаг. несв. прираснуваат
  • прираснување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

прирасне, прираснат; прирасни, прираснете; прираснав, прираснаа; прираснал; прираснат; (ќе) прираснев, (ќе) прираснеа; (ќе) прираснел св. 1. Срасне, се спои со сраснување. 2. Израсне во помала мера, се наголеми малку. Бројот на градското население прирасна поради миграциските движења. Нивото на реката прирасна од поројните дождови. 3. (прен.) Ми (ти, му...) Почувствува приврзаност, почит, љубов спрема некого или нешто, засака. На туристите што често ја посетуваа нашата земја им прирасна на срце македонскиот фолклор. ‖ прираснува, прираснуваат несв. ‖ глаг. им. прираснување ср.