природа

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на природа:

1. Материјалниот свет што нè опкружува, сè што постои без учество на човековиот труд, со сите појави, законитости и услови на постоење на органскиот и неорганскиот свет на Земјата.

2. Околина на населено место, отворен простор. Тој се восхитуваше на природата. Излет во природа. Гратче со убава природа.

3. Суштинско, основно обележје на некого или на нешто. Човекова природа. Детската природа е многу чувствителна. Тоа е во неговата природа. Проблем од психолошка природа. Тешкотии од техничка природа.

4. Вродени својства на личноста, карактер, нарав, темперамент. Блага природа. Весела природа. Чудна природа. Чувствителна природа.

Фразеолошки израз / поговорка:

Природата на човекот ‒ општите карактеристики на човекот, човечкиот род. По природа ‒ по карактер. Според природата на нештата ‒ неизбежно, неминовно. Мртва природа ‒ мотив на уметничка слика обично со плодови.

Оригинални податоци:

природа (само едн.) ж. 1. Материјалниот свет што нè опкружува, сè што постои без учество на човековиот труд, со сите појави, законитости и услови на постоење на органскиот и неорганскиот свет на Земјата. 2. Околина на населено место, отворен простор. Тој се восхитуваше на природата. Излет во природа. Гратче со убава природа. 3. Суштинско, основно обележје на некого или на нешто. Човекова природа. Детската природа е многу чувствителна. Тоа е во неговата природа. Проблем од психолошка природа. Тешкотии од техничка природа. 4. Вродени својства на личноста, карактер, нарав, темперамент. Блага природа. Весела природа. Чудна природа. Чувствителна природа. ◊ Природата на човекот ‒ општите карактеристики на човекот, човечкиот род. По природа ‒ по карактер. Според природата на нештата ‒ неизбежно, неминовно. Мртва природа ‒ мотив на уметничка слика обично со плодови.