природен

Придавка

Значење на природен:

1. Што постои или што се појавува во природата. Природен гас. Природна минерална вода. Природни ресурси. Природна стихија.

2. Што е од раѓање, вроден. Природен инстинкт. Природна интелигенција. Природни особини.

3. Што е по природа таков. Природна боја. Природна големина.

4. Што се јавува според природата на нештата; вештачки. Природно езеро. Природно ѓубре. Природа свила. Природни заби.

5. Што е во согласност со стварноста, логичен. Природен заклучок. Природна потреба.

6. Вроден, неизвештачен. Природен процес. Природен развој. Природно однесување. Природна претпоставка. Природна хармонија. Природна поза.

Членувана форма: природниот.

Изведени зборови:

  • природно, прил. 1. Кон зн. 1 и 2. 2. Кон зн. 5 и 6. Природно доаѓа заклучокот. Детето се развива природно. 3. Секако, се разбира. Природно, ние се согласивме со таа иницијатива.
  • природност, и. ж.

Фразеолошки израз / поговорка:

Природен пораст ‒ наголемување на стапката на наталитетот наспрема стапката на морталитетот. Природна селекција ‒ природен одбир (подбор). Природен закон ‒ регуларноста на појавите во природата. Природен јазик ‒ сп. јазик2. Природна храна ‒ свежа или преработена храна во чиј процес на производство отсуствува употребата на вештачки препарати. Природна смрт ‒ смрт од болест или старост. Природно лекување ‒ лекување без лекови, лекување на база на правилна исхрана, на масажа, користење на минерални и термални води и др. Природно породување ‒ породување без хируршка интервенција. Природни богатства ‒ материјални богатства од природата што можат да се користат за економски цели.

Оригинални податоци:

природен, природниот прид. 1. Што постои или што се појавува во природата. Природен гас. Природна минерална вода. Природни ресурси. Природна стихија. 2. Што е од раѓање, вроден. Природен инстинкт. Природна интелигенција. Природни особини. 3. Што е по природа таков. Природна боја. Природна големина. 4. Што се јавува според природата на нештата; спрот. вештачки. Природно езеро. Природно ѓубре. Природа свила. Природни заби. 5. Што е во согласност со стварноста, логичен. Природен заклучок. Природна потреба. 6. Вроден, неизвештачен. Природен процес. Природен развој. Природно однесување. Природна претпоставка. Природна хармонија. Природна поза. ◊ Природен пораст ‒ наголемување на стапката на наталитетот наспрема стапката на морталитетот. Природна селекција ‒ природен одбир (подбор). Природен закон ‒ регуларноста на појавите во природата. Природен јазик ‒ сп. јазик2. Природна храна ‒ свежа или преработена храна во чиј процес на производство отсуствува употребата на вештачки препарати. Природна смрт ‒ смрт од болест или старост. Природно лекување ‒ лекување без лекови, лекување на база на правилна исхрана, на масажа, користење на минерални и термални води и др. Природно породување ‒ породување без хируршка интервенција. Природни богатства ‒ материјални богатства од природата што можат да се користат за економски цели. ‖ природно прил. 1. Кон зн. 1 и 2. 2. Кон зн. 5 и 6. Природно доаѓа заклучокот. Детето се развива природно. 3. Секако, се разбира. Природно, ние се согласивме со таа иницијатива. ‖ природност ж.