присака

Глагол, свршен

Значење на присака:

Посака, изрази желба за нешто. Детето присака да јаде.

Коњугација: присакаат.

Изведени зборови:

  • присакување, глаг. им. ср.
  • се ~ присака, безл. Почувствува желба за нешто. Си напржиле риби и им се присакало винце. Му се присака да посвири на кавалот.
  • (се) присакува, глаг. несв. (се) присакуваат

Оригинални податоци:

присака, присакаат св. Посака, изрази желба за нешто. Детето присака да јаде. ● ми (ти, му...) се ~ безл. Почувствува желба за нешто. Си напржиле риби и им се присакало винце. Му се присака да посвири на кавалот. ‖ (се) присакува, (се) присакуваат несв. ‖ глаг. им. присакување ср.