пришие
Значење на пришие:
1. Зашие нешто врз друго. Лентата ќе ја пришиеш на самиот раб на фустанот.
2. (прен.) Измисли, додаде нешто негативно некому. Му пришија етикета дека е неподобен. Му пришија дека направил триста работи.
Коњугација: (ќе) пришиев , (ќе) пришиеја , (ќе) пришиел , пришив , пришиен, пришиј , пришија , пришијат , пришијте , пришил .
Изведени зборови:
- пришива, глаг. несв. пришиваат
- пришивање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
пришие, пришијат; пришиј, пришијте; пришив, пришија; пришил; (ќе) пришиев, (ќе) пришиеја; (ќе) пришиел; пришиен св. 1. Зашие нешто врз друго. Лентата ќе ја пришиеш на самиот раб на фустанот. 2. (прен.) Измисли, додаде нешто негативно некому. Му пришија етикета дека е неподобен. Му пришија дека направил триста работи. ‖ пришива, пришиваат несв. ‖ глаг. им. пришивање ср.