присобере
Значење на присобере:
1. Собере материјал, податоци и сл. уште малку или доволно. Студентот присобра материјал од теренските истражувања. Присобра уште некоја информација.
2. а) Собере, набере плод, род што останал за собирање, добере. Денес ќе го присоберат грозјето. б) Набере нешто уште малку. Ќе присобере уште еден товар дрва од сувите овошки. Тој отиде да присобере уште некоја шумска јаготка за внуците. в) Собере пари, заштеди уште малку или доволно. Тие присобраа пари да си купат куќа.
3. Собере, стави нешто на едно место. Ги присобра ситните парчиња кашкавал во чинија. Ќе ги присоберам моите работи за одмор во куферот.
Коњугација: (ќе) присобереа , (ќе) присоберев , (ќе) присоберел , присоберат , присоберен, присоберете , присобери , присобраа , присобрав , присобрал , присобран .
Изведени зборови:
- се ~ присобере, 1. (прен.) Се соземе, се успокои. За студентот беше неочекувано тоа прашање, веднаш потоа тој се присобра и спокојно одговори. 2. Се собере, се смести во тесен простор. Луѓето се присобраа купче под натстрешницата да не ги наводени дождот.
- (се) присоберува, глаг. несв. (се) присоберуваат--(се) присобира, (се) присобираат
Оригинални податоци:
присобере, присоберат; присобери, присоберете; присобрав, присобраа; присобрал; присобран; (ќе) присоберев, (ќе) присобереа; (ќе) присоберел; присоберен св. 1. Собере материјал, податоци и сл. уште малку или доволно. Студентот присобра материјал од теренските истражувања. Присобра уште некоја информација. 2. а) Собере, набере плод, род што останал за собирање, добере. Денес ќе го присоберат грозјето. б) Набере нешто уште малку. Ќе присобере уште еден товар дрва од сувите овошки. Тој отиде да присобере уште некоја шумска јаготка за внуците. в) Собере пари, заштеди уште малку или доволно. Тие присобраа пари да си купат куќа. 3. Собере, стави нешто на едно место. Ги присобра ситните парчиња кашкавал во чинија. Ќе ги присоберам моите работи за одмор во куферот. ● се ~ 1. (прен.) Се соземе, се успокои. За студентот беше неочекувано тоа прашање, веднаш потоа тој се присобра и спокојно одговори. 2. Се собере, се смести во тесен простор. Луѓето се присобраа купче под натстрешницата да не ги наводени дождот. ‖ (се) присоберува, (се) присоберуваат/(се) присобира, (се) присобираат несв. ‖ глаг. им. присоберување/присобирање ср.