пристегне
Значење на пристегне:
1. Стегне посилно, малку повеќе. Ги пристегна дисаѓите. Си ги пристегна опинците пред да тргне од дома.
2. (прен.) Заостри дисциплина, воведе построг ред. Пристегни го детето да не тргне по лош пат.
Коњугација: (ќе) пристегнеа , (ќе) пристегнев , (ќе) пристегнел, пристегнаа , пристегнав , пристегнал , пристегнат , пристегнат , пристегнете , пристегни .
Изведени зборови:
- пристегнување, глаг. им. ср.
- се ~ пристегне, 1. Се стегне каде што попуштило. Се пристегна со ременот. 2. Заостри самодисциплина, самоконтрола. Се пристегна и ја заврши школата навреме.
- (се) пристегнува, глаг. несв. (се) пристегнуваат
Оригинални податоци:
пристегне, пристегнат; пристегни, пристегнете; пристегнав, пристегнаа; пристегнал; пристегнат; (ќе) пристегнев, (ќе) пристегнеа; (ќе) пристегнел св. 1. Стегне посилно, малку повеќе. Ги пристегна дисаѓите. Си ги пристегна опинците пред да тргне од дома. 2. (прен.) Заостри дисциплина, воведе построг ред. Пристегни го детето да не тргне по лош пат. ● се ~ 1. Се стегне каде што попуштило. Се пристегна со ременот. 2. Заостри самодисциплина, самоконтрола. Се пристегна и ја заврши школата навреме. ‖ (се) пристегнува, (се) пристегнуваат несв. ‖ глаг. им. пристегнување ср.