пристори (ми) се
Безличен глагол.
Значење на пристори (ми) се:
Се причини некому дека нешто станало, дека нешто е. Ми се пристори како да влегол некој. Нема ништо, ти се присторило.Коњугација: (ми) се присторат.
Изведени зборови:
- (ми) се присторува, глаг. несв. (ми) се присторуваат
- присторување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
пристори (ми) се, (ми) се присторат св. (безл.) Се причини некому дека нешто станало, дека нешто е. Ми се пристори како да влегол некој. Нема ништо, ти се присторило. ‖ (ми) се присторува, (ми) се присторуваат несв. ‖ глаг. им. присторување ср.