присвои
Значење на присвои:
Направи да биде негова сопственост, самоволно пренесе на себе, одземе нешто што припаѓа на друг. Ја присвои позајмената книга. Ги присвоил собраните пари од селаните за изградба на патот. Присвои државно земјиште.Коњугација: (ќе) присвоев , (ќе) присвоеја , (ќе) присвоел , присвоен, присвоив , присвоија , присвоил , присвој , присвојат , присвојте .
Изведени зборови:
- присвојува, глаг. несв. присвојуваат
- присвојување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
присвои, присвојат; присвој, присвојте; присвоив, присвоија; присвоил; (ќе) присвоев, (ќе) присвоеја; (ќе) присвоел; присвоен св. Направи да биде негова сопственост, самоволно пренесе на себе, одземе нешто што припаѓа на друг. Ја присвои позајмената книга. Ги присвоил собраните пари од селаните за изградба на патот. Присвои државно земјиште. ‖ присвојува, присвојуваат несв. ‖ глаг. им. присвојување ср.