притаи

Глагол, свршен

Значење на притаи:

Прикрие нешто да не може да биде видено, чуено; не пројави, не изрази (чувство, желба и сл.). Таа го притаи здивот и се скри во грмушката. Таа успешно ги притаи своите чувства пред непознатиот. Децата го притаија своето љубопитство и веќе ништо не прашуваа.

Коњугација: (ќе) притаев , (ќе) притаеја , (ќе) притаел , притаат , притаен, притаив , притаија , притаил , притај , притајте .

Изведени зборови:

  • притајување, глаг. им. ср.
  • се ~ притаи, Се скрие, се прикрие негде тивко. Момчето се притаи зад грмушката неколку минути и чекаше да измине патролата.
  • (се) притајува, глаг. несв. (се) притајуваат

Оригинални податоци:

притаи, притаат; притај, притајте; притаив, притаија; притаил; (ќе) притаев, (ќе) притаеја; (ќе) притаел; притаен св. Прикрие нешто да не може да биде видено, чуено; не пројави, не изрази (чувство, желба и сл.). Таа го притаи здивот и се скри во грмушката. Таа успешно ги притаи своите чувства пред непознатиот. Децата го притаија своето љубопитство и веќе ништо не прашуваа. ● се ~ Се скрие, се прикрие негде тивко. Момчето се притаи зад грмушката неколку минути и чекаше да измине патролата. ‖ (се) притајува, (се) притајуваат несв. ‖ глаг. им. притајување ср.