притесни
Значење на притесни:
1. Стесни, намали простор за живеење, доведе во тесно. Вечерва ве притеснивме, ама од утре пак сте на широко.
2. Врши притисок врз некого да признае нешто или да се согласи на нешто. Притесни го и сè ќе ти каже.
Конјугација: притеснат.
Изведени зборови:
- притеснување, глаг. им. ср.
- се ~ притесни, Се чувствува непријатно, се стега, се срами. Таа се притеснуваше пред гостите.
- (се) притеснува, глаг. несв. (се) притеснуваат
Фразеолошки израз / поговорка:
Притесни (некого) до ѕид ‒ го стави во непријатна положба без можност за избор.
Оригинални податоци:
притесни, притеснат св. 1. Стесни, намали простор за живеење, доведе во тесно. Вечерва ве притеснивме, ама од утре пак сте на широко. 2. Врши притисок врз некого да признае нешто или да се согласи на нешто. Притесни го и сè ќе ти каже. ● се ~ Се чувствува непријатно, се стега, се срами. Таа се притеснуваше пред гостите. ◊ Притесни (некого) до ѕид ‒ го стави во непријатна положба без можност за избор. ‖ (се) притеснува, (се) притеснуваат несв. ‖ глаг. им. притеснување ср.