притисне

Глагол, свршен

Значење на притисне:

1. Изврши притисок, стисне. Тој го притисна капакот врз кацата и озгора кладе камен. Сестрата го притисна озгора крвниот сад и наскоро крвта престана да тече. Притисна на ѕвончето и вратата се отвори.

2. Стисне меѓу раце, прсти и сл. Детето го притисна балонот меѓу рацете со сета сила и тој пукна.

3. (прен.) За мисли, чувства ‒ налегне, обземе. Тешките мисли го притиснаа момчето. Стравот го притисна, му тежеше и го задушуваше.

4. (прен.) Потчини, завладее со сила. Војската по неколку дена го притисна селото.

Конјугација: (ќе) притиснеа , (ќе) притиснев , (ќе) притиснел, притиснаа , притиснав , притиснал , притиснат , притиснат , притиснете , притисни .

Изведени зборови:

  • притиснување, глаг. им. ср.
  • се ~ притисне, Се припие, се стисне до нешто. Детето се притиснало до скутот на мајка си.
  • (се) притиснува, глаг. несв. (се) притиснуваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Притисне до ѕид (во ќош) ‒ доведе некого во безизлезна состојба.

Оригинални податоци:

притисне, притиснат; притисни, притиснете; притиснав, притиснаа; притиснал; притиснат; (ќе) притиснев, (ќе) притиснеа; (ќе) притиснел св. 1. Изврши притисок, стисне. Тој го притисна капакот врз кацата и озгора кладе камен. Сестрата го притисна озгора крвниот сад и наскоро крвта престана да тече. Притисна на ѕвончето и вратата се отвори. 2. Стисне меѓу раце, прсти и сл. Детето го притисна балонот меѓу рацете со сета сила и тој пукна. 3. (прен.) За мисли, чувства ‒ налегне, обземе. Тешките мисли го притиснаа момчето. Стравот го притисна, му тежеше и го задушуваше. 4. (прен.) Потчини, завладее со сила. Војската по неколку дена го притисна селото. ● се ~ Се припие, се стисне до нешто. Детето се притиснало до скутот на мајка си. ◊ Притисне до ѕид (во ќош) ‒ доведе некого во безизлезна состојба. ‖ (се) притиснува, (се) притиснуваат несв. ‖ глаг. им. притиснување ср.