притисок

Именка, машки род

Значење на притисок:

1. Сила што дејствува врз некој предмет или површина. Мостот не го издржа притисокот. Притисокот на водата беше многу силен.

2. (физ., мед.) Сила со која едно цврсто тело, течноста или гасот дејствува во правец на нормалата на единица површина од супстанцијата (цврста, течна или гасовита). Атмосферски притисок. Крвен притисок.

3. (прен.) Принуда, насилство извршено на некој начин; пресија. Под притисок на родителите го остави момчето. Под присок го собраа откупот. Психолошки притисок. Социјален притисок. Економски притисок. Бил подложен на силен притисок.

Множина: притисоци.

Оригинални податоци:

притисок, мн. притисоци м. 1. Сила што дејствува врз некој предмет или површина. Мостот не го издржа притисокот. Притисокот на водата беше многу силен. 2. (физ., мед.) Сила со која едно цврсто тело, течноста или гасот дејствува во правец на нормалата на единица површина од супстанцијата (цврста, течна или гасовита). Атмосферски притисок. Крвен притисок. 3. (прен.) Принуда, насилство извршено на некој начин; пресија. Под притисок на родителите го остави момчето. Под присок го собраа откупот. Психолошки притисок. Социјален притисок. Економски притисок. Бил подложен на силен притисок.