привкус
Само во еднина.
Значење на привкус:
1. Дополнителен вкус на нешто. Соленикав привкус во устата.
2. (прен.) Карактеристичен елемент на нешто во однос на основното. По оваа случка, потсмешливоста придоби горчлив привкус. Шегата доби привкус на навреда.
Оригинални податоци:
привкус (само едн.) м. 1. Дополнителен вкус на нешто. Соленикав привкус во устата. 2. (прен.) Карактеристичен елемент на нешто во однос на основното. По оваа случка, потсмешливоста придоби горчлив привкус. Шегата доби привкус на навреда.