привлече

Глагол, свршен

Значење на привлече:

1. Приближи кон себе. Таа го привлече детето и го бакна. Тој привлече еден стол и седна. Магнетот ги привлече металните делови. Молекулите на водородот ги привлекоа водородните атоми.

2. а) Предизвика интерес, љубопитство и сл. Убавините на Македонија ќе привлечат голем број туристи. Саемот за мебел привлече многу посетители. Го привлече миризбата од колачињата. б) Предизвика внимание. Неговиот говор го привлече вниманието на присутните. Тој напис го привлече вниманието на стручната јавност. в) Предизвика симпатии кај некого. Тој ја привлече девојката од соседството со доброто однесување. Таа го привлече со нејзината убавина уште од студентски денови.

Конјугација: (ќе) привлечев , (ќе) привлечел , привлекле , привлекоа , привлеков , привлекол , привлечат , привлечеа , привлечен, привлечете , привлечи .

Изведени зборови:

  • се ~ привлече, 1. Се доближи до нешто. Некој се привлече зад оградата. 2. Се доближи еден со друг. Наелектризираните честички силно се привлекоа. 3. Почувствува меѓусебна привлечност, симпатија. Тие се привлекле.
  • (се) привлечува, глаг. несв. (се) привлечуваат--(се) привлекува, (се) привлекуваат

Оригинални податоци:

привлече, привлечат; привлечи, привлечете; привлеков, привлекоа; привлекол, привлекле; (ќе) привлечев, привлечеа; (ќе) привлечел; привлечен св. 1. Приближи кон себе. Таа го привлече детето и го бакна. Тој привлече еден стол и седна. Магнетот ги привлече металните делови. Молекулите на водородот ги привлекоа водородните атоми. 2. а) Предизвика интерес, љубопитство и сл. Убавините на Македонија ќе привлечат голем број туристи. Саемот за мебел привлече многу посетители. Го привлече миризбата од колачињата. б) Предизвика внимание. Неговиот говор го привлече вниманието на присутните. Тој напис го привлече вниманието на стручната јавност. в) Предизвика симпатии кај некого. Тој ја привлече девојката од соседството со доброто однесување. Таа го привлече со нејзината убавина уште од студентски денови. ● се ~ 1. Се доближи до нешто. Некој се привлече зад оградата. 2. Се доближи еден со друг. Наелектризираните честички силно се привлекоа. 3. Почувствува меѓусебна привлечност, симпатија. Тие се привлекле. ‖ (се) привлечува, (се) привлечуваат/(се) привлекува, (се) привлекуваат несв. ‖ глаг. им. привлечување/привлекување ср.