приврши

Глагол, свршен

Значење на приврши:

1. Приведе кон крај започната работа; заврши. Мајсторите привршија со малтерисувањето. Привршија подготовките за свадбата.

2. Потроши скоро до крај храна, резерви и сл. Привршив со шеќерот. Уште малку, ќе ги привршиме резервите брашно.

Коњугација: привршат.

Изведени зборови:

  • привршување, глаг. им. ср.
  • се ~ приврши, Се приведе нешто кон крај, се заврши. Се приврши полската работа. Се приврши дискусијата. Се приврши учебната година.
  • (се) привршува, глаг. несв. (се) привршуваат

Оригинални податоци:

приврши, привршат св. 1. Приведе кон крај започната работа; заврши. Мајсторите привршија со малтерисувањето. Привршија подготовките за свадбата. 2. Потроши скоро до крај храна, резерви и сл. Привршив со шеќерот. Уште малку, ќе ги привршиме резервите брашно. ● се ~ Се приведе нешто кон крај, се заврши. Се приврши полската работа. Се приврши дискусијата. Се приврши учебната година. ‖ (се) привршува, (се) привршуваат несв. ‖ глаг. им. привршување ср.