приземен

Придавка

Значење на приземен:

1. Што се наоѓа близу до површината на земјата. Приземен кат. Приземна куќа.

2. (прен.) Што стои цврсто на земјата, реален. Тој е многу приземен човек.

3. (прен.) Ограничен во потребите и барањата, скромен во можностите и пројавите (на духот, вкусот, стилот, однесувањето итн.) Тој е со приземен карактер. Приземни страсти.

Членувана форма: приземниот.

Изведени зборови:

  • приземно, прил. Кон зн. 3. Приземно однесување.
  • приземност, и. ж.

Оригинални податоци:

приземен, приземниот прид. 1. Што се наоѓа близу до површината на земјата. Приземен кат. Приземна куќа. 2. (прен.) Што стои цврсто на земјата, реален. Тој е многу приземен човек. 3. (прен.) Ограничен во потребите и барањата, скромен во можностите и пројавите (на духот, вкусот, стилот, однесувањето итн.) Тој е со приземен карактер. Приземни страсти. ‖ приземно прил. Кон зн. 3. Приземно однесување. ‖ приземност ж.