призма

Именка, женски род

Значење на призма:

1. (мат.) Геометриско тело ограничено со два еднакви многуаголника што лежат во две паралелни рамнини и онолку паралелограми колку што страни имаат многуаголниците.

2. (физ.) Провидно тело со слична форма што служи за прекршување и одбивање на зраците или за разлагање на светлината во боите на спектарот.

Множина: призми.

Фразеолошки израз / поговорка:

Гледа низ призмата на нешто – гледа на нешто необјективно, под влијание на некакви околности.

Оригинални податоци:

призма, мн. призми ж. 1. (мат.) Геометриско тело ограничено со два еднакви многуаголника што лежат во две паралелни рамнини и онолку паралелограми колку што страни имаат многуаголниците. 2. (физ.) Провидно тело со слична форма што служи за прекршување и одбивање на зраците или за разлагање на светлината во боите на спектарот. ◊ Гледа низ призмата на нешто – гледа на нешто необјективно, под влијание на некакви околности.