признае

Глагол, свршен

Значење на признае:

1. Отворено изјави, соопшти дека нешто е вистинито; не одрече, не сокрие некаква постапка, чувство, вина. Тие го признале поразот. Тој не сакаше да признае дека згрешил. Таа призна дека го сака. Обвинетиот ја призна вината за стореното дело.

2. Даде согласност, прифати нешто што е во согласност со законот, изрази согласност со некаков ред. Тие не ја признаа новата власт. Ги признавам законите.

3. Јавно прифати некого за свое дете. Иако не беа во брак, тој детето го призна за свој син.

4. Јавно изрази, покаже почит кон некого, уважи, искаже благодарност некому. На промоцијата тој го призна за свој учител.

Конјугација: (ќе) признаев , (ќе) признаеја , (ќе) признаел , признаа , признаат , признав , признаен, признај , признајте , признал , признат .

Оригинални податоци:

признае, признаат; признај, признајте; признав, признаа; признал; признат; (ќе) признаев, (ќе) признаеја; (ќе) признаел; признаен св. 1. Отворено изјави, соопшти дека нешто е вистинито; не одрече, не сокрие некаква постапка, чувство, вина. Тие го признале поразот. Тој не сакаше да признае дека згрешил. Таа призна дека го сака. Обвинетиот ја призна вината за стореното дело. 2. Даде согласност, прифати нешто што е во согласност со законот, изрази согласност со некаков ред. Тие не ја признаа новата власт. Ги признавам законите. 3. Јавно прифати некого за свое дете. Иако не беа во брак, тој детето го призна за свој син. 4. Јавно изрази, покаже почит кон некого, уважи, искаже благодарност некому. На промоцијата тој го призна за свој учител.