признание

Именка, женски род

Значење на признание:

1. Лична изјава на тој што признава нешто; признавање. Така само ќе го исплашиш и пак нема да го добиеш вистинското признание. Судот не успеа да добие признание од ниеден затвореник.

2. Општествено уважување, почитување. Тој се здоби со високи признанија од целата културна јавност. Во предговорот авторот им оддава признание на своите претходници.

Множина: признанија.

Оригинални податоци:

признание, мн. признанија ж. 1. Лична изјава на тој што признава нешто; признавање. Така само ќе го исплашиш и пак нема да го добиеш вистинското признание. Судот не успеа да добие признание од ниеден затвореник. 2. Општествено уважување, почитување. Тој се здоби со високи признанија од целата културна јавност. Во предговорот авторот им оддава признание на своите претходници.