признателен

Придавка

Книжевен збор.

Значење на признателен:

Што изразува чувство на благодарност и не заборава добро дело (услуга, помош и сл.). Тој беше признателен човек и сакаше да му се отплати на домаќинот за неговиот добар однос.

Членувана форма: признателниот.

Изведени зборови:

  • признателно, прил. Признателно и со почит ја наведна главата.
  • признателност, и. ж.

Оригинални податоци:

признателен, признателниот прид. (книж.) Што изразува чувство на благодарност и не заборава добро дело (услуга, помош и сл.). Тој беше признателен човек и сакаше да му се отплати на домаќинот за неговиот добар однос. ‖ признателно прил. Признателно и со почит ја наведна главата. ‖ признателност ж.