пркне
Значење на пркне:
1. За птица ‒ летне, изврши движење со крилата. Ластовичката пркна со крилцата во воздухот и полета угоре.
2. За растение ‒ никне, изникне. Пченицата во долната нива пркнала малку и се зазеленела. Житата пркнале, тревата жугнала, овошките расцутеле.
3. (прен.) Расте, порасне малку; стане посилно. По неколку години децата пркнаа, а таа се чувствуваше стара.
Коњугација: (ќе) пркнеа , (ќе) пркнев , (ќе) пркнел, пркнаа , пркнав , пркнал , пркнат , пркнат , пркнете , пркни .
Изведени зборови:
- пркнува, глаг. несв. пркнуваат
- пркнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
пркне, пркнат; пркни, пркнете; пркнав, пркнаа; пркнал; пркнат; (ќе) пркнев, (ќе) пркнеа; (ќе) пркнел св. 1. За птица ‒ летне, изврши движење со крилата. Ластовичката пркна со крилцата во воздухот и полета угоре. 2. За растение ‒ никне, изникне. Пченицата во долната нива пркнала малку и се зазеленела. Житата пркнале, тревата жугнала, овошките расцутеле. 3. (прен.) Расте, порасне малку; стане посилно. По неколку години децата пркнаа, а таа се чувствуваше стара. ‖ пркнува, пркнуваат несв. ‖ глаг. им. пркнување ср.