Оригинални податоци:
про- Претставка/префикс за образување глаголи, именки и придавки. 1. Кај глаголите се јавува со значење: а) движење низ нешто, помеѓу нешто (пробие, провлече, проглода, прокопа); б) дејство што се распространува со сета своја полност по целиот обем на предметот (провери, проврие, проучи, протатне); в) дејство или движење што се одвива покрај нешто (пројде, пролета, профучи); г) дејство што се извршува во помала мера или недоследно, неточно, непотполно (пробара, прокасне, пророси, прочисти, протрие); д) дејство што се појавува првпат (прооди, прозбори, процвета, пропее); ѓ) завршено дејство, краен резултат (продаде, пронајде, проколне, прочита). 2. Кај именките и придавките означува позитивен однос, приврзаност, наклонетост, симпатија кон тоа што го означува основната именка, придавка: пролиберал, просоцијалист, проамерикански, пробугарски, проевропски.