проба
Значење на проба:
1. Испита, испитува квалитет или големина на нешто. Го проба костумот неколку пати, но не се реши да го купи. Шиеше нов фустан, па отиде кај шивачот да го проба.
2. Јаде или пие за проба, касне, каснува или пивне, пивнува за првпат. – Пробај го виното, домашно е! Не јадеше морски специјалитети, па не го ни проба јадењето.
3. Се обиде, се обидува да успее во нешто, да постигне нешто во некоја работа, професија, учење итн. Проба да работи како келнер, но не му успеа. Пробал да вози трактор.
Конјугација: пробаат.
Изведени зборови:
- пробање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
проба, пробаат св. и несв. 1. Испита, испитува квалитет или големина на нешто. Го проба костумот неколку пати, но не се реши да го купи. Шиеше нов фустан, па отиде кај шивачот да го проба. 2. Јаде или пие за проба, касне, каснува или пивне, пивнува за првпат. – Пробај го виното, домашно е! Не јадеше морски специјалитети, па не го ни проба јадењето. 3. Се обиде, се обидува да успее во нешто, да постигне нешто во некоја работа, професија, учење итн. Проба да работи како келнер, но не му успеа. Пробал да вози трактор. ‖ глаг. им. пробање ср.