проба
Значење на проба:
1. Проверка, испитување на некој параметар (големина, квалитет и сл.) На проба кај шивачот. Го проба фустанот.
2. Подготовка за изведба, настап; вежба. Проба на хорот. Оркестарски проби.
3. Обид, експеримент. Наставникот по хемија често прави проби на хемиски реакции.
Множина: проби.
Фразеолошки израз / поговорка:
Генерална проба – последна вежба, проба пред настап.
Оригинални податоци:
проба, мн. проби ж. 1. Проверка, испитување на некој параметар (големина, квалитет и сл.) На проба кај шивачот. Го проба фустанот. 2. Подготовка за изведба, настап; вежба. Проба на хорот. Оркестарски проби. 3. Обид, експеримент. Наставникот по хемија често прави проби на хемиски реакции. ◊ Генерална проба – последна вежба, проба пред настап.