пробие
Значење на пробие:
1. Со удар, со сила направи дупка, отвор, премин. Го пробија ѕидот за да направат прозорец кон источната страна. Низ шумата пробија пат.
2. Насилно помине низ нешто нарушувајќи ја претходата состојба; разурне. Реката го проби насипот. Куршум му ги проби градите.
3. Продре; разбие. Сончевите зраци ја пробија маглата. Ненадејна експлозија ја проби тишината.
4. Прекине борбена линија, фронт. Непријателот ја проби линијата на фронтот.
Коњугација: (ќе) пробиев , (ќе) пробиеја , (ќе) пробиел , пробив , пробиен, пробиј , пробија , пробијат , пробијте , пробил .
Изведени зборови:
- пробивање, глаг. им. ср.
- (се) пробива, глаг. несв. (се) пробиваат
- се ~ пробие, Со тешкотии, со мака успее да помине надминувајќи ги пречките. Се проби низ толпата народ и застана напред. Се пробиваше низ густите стебла во шумата.
Оригинални податоци:
пробие, пробијат; пробиј, пробијте; пробив, пробија; пробил; (ќе) пробиев, (ќе) пробиеја; (ќе) пробиел; пробиен св. 1. Со удар, со сила направи дупка, отвор, премин. Го пробија ѕидот за да направат прозорец кон источната страна. Низ шумата пробија пат. 2. Насилно помине низ нешто нарушувајќи ја претходата состојба; разурне. Реката го проби насипот. Куршум му ги проби градите. 3. Продре; разбие. Сончевите зраци ја пробија маглата. Ненадејна експлозија ја проби тишината. 4. Прекине борбена линија, фронт. Непријателот ја проби линијата на фронтот. ● се ~ Со тешкотии, со мака успее да помине надминувајќи ги пречките. Се проби низ толпата народ и застана напред. Се пробиваше низ густите стебла во шумата. ‖ (се) пробива, (се) пробиваат несв. ‖ глаг. им. пробивање ср.