пробив
Значење на пробив:
1. Отвор направен со пробивање. За потребите на новиот автопат направија неколку пробиви во карпите.
2. (воен.) Прекинување на фронтовската линија. Одредот успеа да направи пробив на непријателскиот обрач.
3. (прен.) Појава, навлегување на определени појави, процеси и сл. Со своето дело прави пробив на нов правец во литературата.
Множина: пробиви.
Оригинални податоци:
пробив, мн. пробиви м. 1. Отвор направен со пробивање. За потребите на новиот автопат направија неколку пробиви во карпите. 2. (воен.) Прекинување на фронтовската линија. Одредот успеа да направи пробив на непријателскиот обрач. 3. (прен.) Појава, навлегување на определени појави, процеси и сл. Со своето дело прави пробив на нов правец во литературата.