проблематизира
Значење на проблематизира:
1. Направи, прави нешто да стане, да се појави како проблем; отвори, отвора прашање што треба да се реши. Со поставеното барање го проблематизираа веќе донесениот заклучок. Настанот го проблематизира почетокот на претставата.
2. Разговара, реши, решава проблем, прашање. Проблематизираа околу планот за идната година.
Конјугација: проблематизираат , проблематизирајќи.
Изведени зборови:
- проблематизирање, глаг. им. ср.
- се ~ проблематизира, Стане, станува проблем, се усложни, се усложнува, се комплицира. Ситуацијата се проблематизира.
Оригинални податоци:
проблематизира, проблематизираат; проблематизирајќи св. и несв. 1. Направи, прави нешто да стане, да се појави како проблем; отвори, отвора прашање што треба да се реши. Со поставеното барање го проблематизираа веќе донесениот заклучок. Настанот го проблематизира почетокот на претставата. 2. Разговара, реши, решава проблем, прашање. Проблематизираа околу планот за идната година. ● се ~ Стане, станува проблем, се усложни, се усложнува, се комплицира. Ситуацијата се проблематизира. ‖ глаг. им. проблематизирање ср.