прободе

Глагол, свршен

Значење на прободе:

1. Пробие нешто со бодење. Во жестока битка го прободеа со копје. Ја прободе крпата на средината за да ја навре рачката.

2. (прен.) Трогне, допре. Нејзините зборови му го прободоа срцето. Детскиот плач му го прободе срцето.

3. За болка – штрекне, пресече. Нешто го прободе во градите.

Конјугација: (ќе) прободеа , (ќе) прободев , (ќе) прободел , прободат , прободен, прободете , прободи , прободоа , прободов , пробол .

Изведени зборови:

  • прободува, глаг. несв. прободуваат
  • прободување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

прободе, прободат; прободи, прободете; прободов, прободоа; пробол; (ќе) прободев, (ќе) прободеа; (ќе) прободел; прободен св. 1. Пробие нешто со бодење. Во жестока битка го прободеа со копје. Ја прободе крпата на средината за да ја навре рачката. 2. (прен.) Трогне, допре. Нејзините зборови му го прободоа срцето. Детскиот плач му го прободе срцето. 3. За болка – штрекне, пресече. Нешто го прободе во градите. ‖ прободува, прободуваат несв. ‖ глаг. им. прободување ср.